Сирена во комплетна смисла на зборот: Како Хали Бејли го прослави роденденот? (ФОТО)
Ѕвездата од „Малата сирена“ ужива на заслужениот одмор...
Хали Бејли пред неколку дена наполни 23 години.
По овој повод се одлучи да се почести со патување на егзотична дестинација. Ѕвездата на Дизни која го глуми ликот на Малата сирена, во филмот кој наскоро ќе може да го гледаме во кината, ги почести обожавателите со нова објава на Инстаграм.
„Роденденско однесување“ - стои во описот на фотографијата, покрај кој стави емотикон делфин.
„Овде нема што друго да се види, само сирена во своето природно живеалиште“ - ѝ напиша еден обожавател.
Во оваа прилика, актерката ја имаше пуштено својата долга коса, главата ја имаше заштитено со сламен шешир и се гледа како ужива во водата, буквално како вистинска сирена.
Иако не е означена локацијата на која се наоѓа, нејзините обожаватели тврдат дека станува збор за Јамајка.
фото: Принтскрин / Инстаграм