Сите детали за разводот на Аријана Гранде: „Одлучи да продолжи понатаму, без горчина но со ново момче“

Сите детали за разводот на Аријана Гранде: „Одлучи да продолжи понатаму, без горчина но со ново момче“

Објавена во: Stars // Филм

Аријана Гранде, 30-годишната поп-ѕвезда одлучи да продолжи понатаму без горчина, откако се разделила од 27-годишниот агент за недвижности со кој беше во брак две години, открил извор за US Weekly.

Истата личност потврди дека парот раскинал пријателски, и дека тоа е најдобрата одлука со оглед на нивните карактерни разлики.

-Колку и да беше тажно, заклучокот на двете страни беше дека е најдобро да се разделат. Аријана и Далтон се премногу различни, нагласи познаникот.

Понатаму, изворот додал дека најблиските до пејачката се „среќни“ што таа се одлучила на тој чекор и го направила она што е најдобро за неа.

Познатата пејачка ги подгреа шпекулациите за развод откако беше видена без бурмата за време на машкото финале на Вимблдон во неделата.

А дека навистина го извади прстенот беше јасно и кога во вторникот уживаше во друштво на другата колешка Синтија Ериво, со која глуми во претстојниот мјузикл. Откако се појави шокантната вест, Гранде ги избриша сите свадбени фотографии од својот Инстаграм профил. Но, барем засега, таа сè уште има фотографии на кои е со Гомез, потврдувајќи ги тврдењата дека тие остануваат пријатели и покрај се.

Инаку најнова вест која ја пренесуваат странските медиуми е тоа дека Аријана веќе има ново момче актерот Итан Слејтер, пишува.


Таа и ѕвездата на Бродвеј се запознале додека заедно глумеле во филмот „Wicked“, а медиумите пренесуваат дека наводно тие веќе неколку месеци се забавуваат. Тие ги играат ликовите на Глинда добрата вештерка и Бок, во филмот, кој премиерно ќе биде прикажан во ноември 2024 година.

фото: screenshot/youtube/arianagrande/instagram

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: