Сите го погледнаа видеото со момчето кое пуши цигара, но на ова никој не се надеваше
Камерата во Тимсах Арена во Бурса фати еден „млад“ навивач во незгоден момент. Имено, за време на пријателскиот натпревар на Бурсаспор - Фенербахче камерата го улови моментот додека „момчето“ брзгрижно си зимаше дим од цигарата.
Fenerbahçe ve Bursaspor'un çocuklar için düzenlediği maçtaki görüntüye bak ahdsahjadshjajhajh pic.twitter.com/2WPsqTpLrU
— Nikola (@objektifdegilim) September 8, 2019
Видеото брзо се распространи на социјалните мрежи, а сите започнаа потрага по „јунакот“. Меѓутоа, сите се изненадија кога дознаа за кого станува збор.
„Момчето“ кое е фатено како пуши цигара има 36 години, а боледува од ретка болест. Навивачот на Бурсаспор се вика Цоцук и на стадионот бил со својот помлад син.