Сите им се воодушевуваат: Сестрите Хадид се фотографираа потполно голи за „Версаче“
Познатите сестри Бела и Џиџи Хадид позираа потполно голи за најновата фотосесија за едиторијалот за „Версаче“, инспириран од Адам и Ева. Американските манекенки се соблекоа поради луксузната италијанска дизајнерска етикета, а дизајнерката Донатела Версаче ја сподели оваа пикантна фотографија на социјалните мрежи.
„Моите „Версаче“ божици“ - напиша покрај фотографијата на која се сестрите со долги кадрави коси, кои својата сокромност ја задржинаа и кон официјалното претставување на „Версаче“ чантите.
Џиџи и Бела се две од најбараните личности во светот на манекенството и имаат вкупна нето вредност од 75 милиони долари. Тие две влегоа во историјата во 2016 година, како први сестри кои се прошетале на модна ревија на „Victoria's Secret“.
Иако, може да се каже дека приватно имаат проблеми изминатите месеци, бидејќи нивната мајка беше вмешана во кавга со поранешниот пејачка на „One Direction“, Зејн Малик. Поранешната двојка, Џиџи и Зејм - кои ја имаат едногодишната ќерка Каи, се најде на насловните страници во октомври откако беше објавено дека пејачот ја „удрил“ мајката на Џиџи, Јоланда Хадид.