Сите ја читаат и сакаат оваа бајка: Но, знаевте ли колку е мрачна?

Сите ја читаат и сакаат оваа бајка: Но, знаевте ли колку е мрачна?

„Црвенкапа“ претрпела различни измени од моментот кога е напишана.

„Снежана и седумте џуџиња“, „Пепелашка“, „Заспаната убавица“, „Петар Пат“ и многу други приказни ја обликуваа нашата фантазија и ни всадија морални компаси до кои голем дел од нас се придржуваат. Сепак, кога еднаш научниците почнале да ги проучуваат корените на овие бајки, многу мрачни детали започнале да испливуваат на површина.

„Црвенкапа“ е позна бајка во која мало девојче се среќава со волкот. Постојат различни верзии на приказната во фолклорот на многу народи, се додека во 17 век една од нив не беше забележена од страна на Чарлс Перо. Најпознатата верзија ја напишаа браќата Грим во 19 век, а оригиналната приказна уште веднаш претрпела значајни промени.

Најпознатата верзија на оваа бајка зборува за девојчето со црвена наметка или црвена капа, која заминува во посета на својата болна баба. Патот ја води низ шумата, каде го среќава волкот на кој лековерно му открива каде тргнала.

Во модерната бајка, волкот и го одвлекува вниманието со берење на цвеќиња и пред Црвенката оди кај бабата и ја јаде старицата. Потоа, маскиран во бабата, го чека девојчето и успева и него да го изеде. Откако сит легнува во кревет и заспива се појува дрвосечачот кој му го распарува стомакот, неповредени ги вади бабата и Црвенкапа, а во стомакот на волкот става камења. Поради тежината што ја има во себе и не можноста да избега, волкот умира.

Сепак, не е се така едноставно. Во верзијата на Перо волкот ги јаде и Црвенкапа и бабата и тоа на крајот од приказната. Нема среќен крај, а Перо мислел бајката да служи како предупредување на девојчињата да не зборуваат со непознати. Браќата Грим го воведоа ликот на ловецот кој ја спасува ситуацијата и така направиле среќен крај, но постојат и верзии кои се далеку помрачни.

Потеклото на „Црвенкапа“ може да се следи се до 10 век и Франција каде селаните оваа бајка ја раскажувале покрај оган. На тој начин е пренесена во Италија каде се појавиле првите варијации на приказната која почнала да се вика и „Лажна баба“ („La Finta Nona“) и „Приказната на баба“ („The Story of Grandmother“). Овде приказната станува прилично морничава и помалку первезна, бидејќи наместо волк се појавува кој ја убива бабата и го зазема нејзиното место.

Црвенката е замислена како тинејџерка или млада девојка, која доаѓа и наоѓа богата трпеза и се мами и јаде од забите на баба и (за кои мисли дека се ориз), месо (за кое мисли дека се шницли) и ја пие крвта на баба си (за која мисли дека е вино). Така и таа се претвора во канибал- вампир.

Некои етнолози успеале да пронајдат малку поинаква варијанта од франциската приказна по која Црвенкапа го препознала маскираниот волк и успеала да побегне од куќата на баба си. Интересно во оваа варијанта е тоа што Црвенката е претставена како храбра, млада хероина која се потпира на својата досетливост и итрина, за да ја избегне страшната судбина.

Дури верзијата на браќата Грим воведуваат возрасен маж кој стигнува да ги спаси и бабата и Црвенкапа.

Можеби ќе ве интересира: