Сите лаги кои ги кажуваат филмовите за животот на возрасните: Дефинитивно нема да изгледа вака
Иако знаеме дека филмовите не ја прикажуваат реалноста, овие работи очекуваме да ги имаме кога ќе пораснеме...
Сите растеме со филмовите и сериите кои ни покажуваат како би требало да изгледа животот на возрасните, а како стануваме повозрасни, сè повеќе ни е јасно дека не измамиле. Секако дека не очекува принц на бел коњ, но некои работи сепак сме помислиле дека ќе се случат.
Сечиј живот изгледа поинакво, но те уверуваме дека ниту еден живот на возрасните не изгледа како што прикажуваат на филмовите и сериите. И знаеме дека нема да биде така, бидејќи филмовите не ја прикажуваат реалноста, но некои сепак ги очекуваме. И изгледа дека не сме единствени кои се разочарани. Луѓето за „Buzzfeed“ ги открија најчестите лаги кои им ги „продале“ филмовите и сериите за животот на возрасните. Очекувале едно, а добиле друго. Немој и ти да имаш такви очекувања, бидејќи поголемиот дел од нив нема да се исполнат.
# Ти и твоите најдобри пријатели од средно ќе живеете заедно
Нема. Поверојатно е дека ќе се гледате еднаш месечно, отколку да живеете заедно. За жал не е баш идеално сценарио, но е реално.
# Ќе имаш план и ќе знаеш што сакаш во животот
Ретко кој има план за тоа што сака во животот. Поголемиот дел од луѓето на 15 години по завршувањето на средното образование не знаат точно која им се животните планови и цели.
# Ќе имаш голема група на пријатели со кои постојано ќе се гледаш
Ќе имаш пријатели, да, но тие нема да бидат пријатели меѓусебе. Ќе склопуваш пријателства во различни ситуации и ќ еимаш повеќе помали групи на пријатели, со кои едвај ќе чекаш да се видиш.
# Постојано ќе бидеш на високи потпетици и секогаш ќе бидеш дотерана
Ова ќе биде вистина ако сакаш постојано да те болат нозете и да ти биде неудобно. Поголемиот број возрасни носат високи потпетици на работа, само доколку мораат, но во слободно време сепак преовладуваат патиките.
# Те очекува среќна врска
Изненадување! Дури ни кога ќе бидеш возрасна нема толку лесно да пронајдеш нормално момче за сериозна врска.
# Ќе имаш плакар од соништата
За жал, парите најверојатно ќе ги трошиш на некои други работи, а не на облека. Барем не толку колку што мислиш дека ќе биде тоа така. Возрасните во филмовите секогаш имаат некој „кул“ стил, а во реалноста, поголемиот број луѓе, освен инфлуенсерите, не изгледаат толку модно стилизирани секој ден.
# Годишните одмори ќе ги поминуваш на некои кул дестинации
Ќе бидеш толку уморна од работа, што ќе немаш сила секој годишен одмор да го поминеш во авантуристички дух. Секако, не секогаш. Но, поголемиот дел од времето ќе сакаш само мир и тишина. И секако, да се наспиеш.
# Ќе почнеш редовно да спортуваш
Во филмовите сите возрасни се занимаваат со трчање. Трчаат низ квартовите како тоа да е нормално. Доколку не си спортски тип, ќе мора силно да се натераш да го правиш тоа. И во 9 од 10 случаи, сепак нема да одиш на трчање.
# Ќе имаш посебна облека за на работа
Во филмовите, ликовите секогаш имаат посебен простор со облека за на работа. Во реалноста, такво нешто имаат многу мал број на луѓе. Се зависи од тоа со што се занимаваш и можно е да имаш униформа. Но, доколку немаш униформа, ретко кој ќе има облека само за на работа.
фото: Принтскрин / Imdb