Сите очекуваат да се огласи Ацо Пејовиќ: Лина Пејовиќ отпеа еден од неговите хитови и ги воодушеви следбениците на Инстаграм (ВИДЕО)

Сите очекуваат да се огласи Ацо Пејовиќ: Лина Пејовиќ отпеа еден од неговите хитови и ги воодушеви следбениците на Инстаграм (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Уште еднаш ги покажа своите вокални способности...

Младата пејачката Лина Пејовска уште при самото појавување во „Ѕвездичките на Пинк“, а потоа и во неколку други натпреварувања ги покажа своите маестрални вокални способности. За неа не е проблем да пее поп, рок, трап или пак фолк музика.

На својот Инстаграм профил често објавува кавери од разни песни, а овој пат објави кавер на песната „Не питај“, која е еден од најголемите хитови на српскиот пејач Ацо Пејовиќ.

Тој минатата година направи два концерти во Скопје, кои беа преполни до последното место, а тоа е одличен доказ дека во Македонија има навистина многубројна публика, која ја пофали и изведбата на Лина.

Иако е означен на видеото, пејачот уште се нема огласено, иако сите го очекуваат неговиот коментар и оценка за пеењето на младата пејачка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: