Сите погледи биле вперени во нив: Анастасија се сретнала со поранешното момче прв пат по раскинувањето

Сите погледи биле вперени во нив: Анастасија се сретнала со поранешното момче прв пат по раскинувањето

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Пејачката неодамна потврди дека по пет години љубов раскинала со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, а медиумите сега пишуваат дека биле меѓу гостите на роденденска забава

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, неодамна раскина со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, со кого почнаа да живеат заедно минатата година во луксузен дуплекс во Дорчол.

- Купиле два стана од 100 квадрати, на два ката, кои во моментов се уредуваат за да се вселат кон крајот на април. Апартманите се пространи, имаат неколку бањи, спални соби, огромни и пространи дневни соби кои излегуваат на тераса која е целата од стакло - изјави извор близок до парот минатата година, додавајќи дека „најверојатно ќе направат дуплекс од тие два стана“.

Сепак, не долго потоа парот се раздели, а Анастасија се иселила од споменатиот имот. Како што пишуваат медиумите, парот често бил разделуван поради деловни обврски, па далечината си го направила своето.

Со оглед на тоа што Анастасија и Ѓорѓе се заедно со години, парот има многу заеднички пријатели, па не е изненадување што и двајцата викендов биле меѓу гостите на тенисерот Филип Крајиновиќ, кој во голем стил го прослави својот роденден во еден белградски хотел. Според Story, поранешната двојка се поздравила на прославата на Крајиновиќ, но не седнале заедно.


Судејќи по снимките и фотографиите на профилот на Анастасија, пејачката одлично се забавувала и присуството на поранешното момче не и ја расипало вечерта.

Причината за раскинувањето е далечината, но и други непремостливи разлики во овој момент. Раскинувањето е прашање на заеднички договор меѓу Анастасија и нејзиното момче, а бидејќи нема збор за постоење на трети лица - Анастасија и Ѓорѓе раскинаа на крајно пријателски начин - изјави неодамна извор близок на парот.

Да потсетиме, пејачката и Куљиќ се заедно од дочекот на Новата 2017 година, а цело време се трудеа да ја чуваат приватноста од очите на јавноста, па ретко се појавуваа заедно и зборуваа за нивната врска.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: