Сите зборуваат за наставничката која ги заштити своите ученици: Ниту еден родител не остана рамнодушен на нејзината постапка
Оваа наставничка е навистина херој...
Во Белград, вчера на 3 мај, во ОУ „Владислав Рибникар“, во Врачар се случи незапаметена трагедија во историјата на Србија, па и целиот регион.
Тинејџер кој има само 14 години, кој е добар ученик и син на познат доктор од Белград, го земал пиштолот на својот татко и извршил стравичен масакр пукајќи во соученици, чувар и наставничка. Би сакале ова да е сцена од некој филм, но за жал не е. Вчера Србија се зави во црно. И додека целиот свет ја споделува болката со народот во Србија, многу прашања ќе останат без адекватен одговор, додека горчеливиот вкус во истите никогаш нема да биде заборавен.
Убиени се 8 деца и човек од обезбедувањето, кој се борел да ги сочува. Тој е тој тивок херој, кој за жал не преживеа.
Целата јавност излезе со свој став, мислење и искажување на сочувство до жртвите и нивните семејства, а еден од нив беше и Иван Ашанин, татко на дете кое учи во училиштето во кое се одигра крвавиот масакр, и низ неколку реченици на Твитер опиша како се чувствувал кога слушнал што се случува во образовната институција.
„Детето ми учи во „Рибникар“. Го вклуччувам телефонот, гори. Тргнувам кон училиштето, пристигнува порака од наставничката дека ги извела децата во паркот кај Мањеж. Стигнувам во паркот, децата си играат фудбал. Се правам како сѐ да е нормално, додека желудникот ми игра. Наставничката ја задржала присебноста и им кажала дека во прашање е некоја вежба“ - напиша вознемирениот татко, кој потоа се осврна на постапката на настаничката:
„Наставничката за мене е херој. На патот до паркот имаше многу возила на Брза помош и полиција. Децата и родителите околу плачеа. Не можам да ви го опишам чувството. Мислев дека ова кај нас никогаш нема да се случи. Дури сега, кога детето ми е дома, мене ме фаќа страв и апсолутна тага“.
Uciteljica za mene heroj. Na putu do parka puno hitne pomoci i policije. Deca i roditelji okolo plaču. Ne mogu da vam opišem osećaj. Mislio sam da se ovo kod nas nikada nece dogoditi. Tek sada, kada je klinac kuci, mene hvata potpuni strah i apsolutna tuga.
Многу корисници на социјалните мрежи се воодушевија на постапката и присебноста на наставничката:
„Браво за таа жена. Да биде смирена додека и самата е надвор од себе. Браво!“, „Тоа е вистински педагог. Секоја чест!“, „Секоја чест за наставничката, поклон до под“.
фото: Принтскрин / Јутјуб