Скандал по скандал: Катарина Грујиќ луто вреска по гостите на свадбата, Анастасија Ражнатовиќ прекрши важно правило...
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ си ветија вечна љубов во храмот на Свети Сава, а покрај луксузната прослава нивната свадба ќе остане запаметена и по скандалот што се случило откако обезбедувањето ги истерало припадниците на седмата сила, иако претходно младенците ги поканиле да присуствуваат на овој настан.
Дека ова не бил единствениот пропуст на оваа гала забава сведочи и видеото кое се појави на социјалната мрежа Тик Ток.
Имено, при влегувањето во црквата, Катарина Грујиќ почнала да им вика на гостите бидејќи некој, очигледно, случајно ѝ згазнал на венчаницата во толпата. Таа луто вресна на цел глас: „Алоо!“. Сите останати беа шокирани од нејзината реакција. Погледнете го видеото:
Покрај ова, мета на критики е и една од гостинките на свадбата, Анастасија Ражнатовиќ која за свадбата одлучила да облече долг бел фустан со циркони кој многу наликува на венчаница и според многумина прекрши важно правило.
Многумина веднаш посочија дека не е во ред гостинките на свадба да носат бело, бидејќи невестата е таа која треба да се истакнува тој ден, а особено не се носат бели долги фустани како овој на Анастасија кој лесно може да се помеша со венчаница.
Мајка ѝ, Цеца пак, носеше фустан во сина боја.
Свадбата на пејачката и фудбалерот била со над 500 гости, а тортата од 10 ката, младенците едвај ја пресекле. Веселбата чинела 490.000 евра. A пејачката промени три фустани: