Скандинавските бранови се хит фризура ова лето: Направете ја без да одите во фризерски салон
Летна фризура која ги освои и холивудските ѕвезди...
Актерката Зендаја, како и Софи Тарнер на Мет Гала ја промовираа фризурата, која стана хит ова лето.
Станува збор за т.н. скандинавски бранови, модерна верзија на холивудските бранови, кои во овој случај се поопуштени и поразбушавени. Косата е благо прекршена, а брановите се поблиску еден до друг, отколку кај холивудската верзија на оваа фризура.
Можете да ги направите со помош на пегла за коса, но постои и многу поедноставен, а подеднакво ефективен начин - навечер направете си плетенки, кои следниот ден само ќе ги расплетете и ќе ги оставите прамените слободно да паѓаат.
„Изгледот на фризурата е помалку стилизиран и опуштен. Само обидете да го задржите волуменот на корените, бидјеќи косата не треба да биде премногу исправена“ - вели Сид Хејс, кој работи како стилист на познатите.
Како да направите скандинавски бранови?
Измијте ја косата, па направете си плетенки. Направете повеќе плетенки и потенки прамени за да креирате повеќе мали бранови кои ќе потсетуваат на фризурата која ја имаат сирените од бајките.
Наутро внимателно расплетете ја косата и благо напрскајте ја со лак. Водете сметка да не претерате со лакот, за косата да не изгледа залепено.
фото: Принтскрин / Инстаграм