Скршен сум, се молам за семејствата на жртвите: Се огласи Тревис Скот по невидената трагедија на неговиот настап
Раперот веднаш го прекинал изведувањето на песната кога сфатил колку е алармантна ситуацијата, а на ова не се надевал...
Потресната вест вчера го заобиколи светот, откако осум луѓе починаа, а десетина се повредени на отворањето на музичкиот фестивал во Хјустон во Тексас, за време на концертот на Тревис Скот, избраникот на Кајли Џенер.
Многубројната публика направи стампедо по што некотролирано се туркаше што поблиску до сцената на фестивалот „Astroworld“, каде во тој момент настапуваше познатиот рапер.
Околу 300 луѓе се згрижени по повредите како што се исекотини и модринки, а на настанот присуствувале 50.000 луѓе и се огласи и локалната политичарка Лина Идалго, која изјави:
„Луѓето одат на овие настани барајќи добра забава, можност да се опуштат, да направат спомен, тоа не е вид на настан на кој се очекува дека ќе дознаете за смртни случаи“ - кажа таа за медиумите, а пренесува „News“.
Еден ден по невидената трагедија на Твитер се огласи и Тревис Скот, која порача:
„Моите молитви се упадени до семејствата кои се погодени од овој настан. Апсолутно сум скршен поради она што се случи синоќа“ - напиша, а потоа на Инстаграм додаде:
„Моите обожаватели навистина ми значат и секогаш сакам да имаат позитивно искуство и секогаш кога можам да разберам што се случува, го прекинувам шоуто и им помагам да ја добијат потребната помош. Ако имате било какви информации, само контактирајте со локалните власти. Сите молете се сè уште.“
Раперот го запрел настапот кога виде дека на една личност ѝ се слошило, а ова биле неговите зборови:
„Некој се онесвести токму тука... не допирајте ги, не допирајте ги. Сите само нека се повлечат. Обезбедувањето нека помогне побрзо. Некој нека дојде. Ајде, ајде!“
Да потсетиме, на фестивалот беше и неговата избраничка, Кајли Џенер, која е во блажена состојба.