Славните личности и нивните чудни ритуали
Ако мислевте дека сте единствените кои плукаат кога ќе ги пресретне црна мачка или го фрлаат огледалото кога ќе се скрши не сте сами - и познатите се суеверни! Многу од нив имаат ритуали што ги прават пред концертите и за кои веруваат дека им носат среќа.
Аријана Гранде
Не се знае дали сѐ уште ги практикува истите методи, но кога била мала пред секоја аудиција јадела чоколадна крофна.
Бијонсе
Queen B седи во столче за масирање додека ја шминкаат пред концерт. Потоа таа и нејзините соработници имаат групна молитва.
Ријана
Од Рири секогаш се очекува нешто посебно, но нејзиниот ритуал пред концерт е сосем обичен, таа слично како и Бијонсе се моли за да ја намали нервозата.
Луис Томлинсон
Членот на One Direction пред секој концерт јаде цело пакетче гумени бонбони.
Лорде
Оваа пејачка пред секој концерт мора да предреме со омиленото ќебенце...инаку верува дека во спротивно нешто лошо може да се случи.
Селена ГомезПред да се качи на сцената задолжително пие маслиново масло, верува дека тоа ѝ помага подобро да пее.
Ештон Ирвин
Тапанарот на 5 Seconds of Summer признава дека пред секој настап мора да издеде банана и да се напие Спрајт.