Случајно откри: Која е природната боја на коса на Били Ајлиш?
Дали некогаш би кажале дека ова е нејзината природна боја на коса?
Секој пат има различна боја на коса, од сиво - виолетова до темна со зелени тонови, но каква и е природната?
Били Ајлиш позната е по менувањето на бојата на косата, а најчесто станува збор за некои нетипични бои. Последното ја офарба во темно боја со зелени тонови, а пред тоа и беше сива, сина, пастелно виолетова... но, која и е природната боја на коса? Никој не ја знае таа тајна или барем не се знаеше досега. Били на Инстаграм објави фотографија со својата природна боја и изгледа сосема поинаку. Кога би требало да погодите за која боја станува збор, прво на памет би ви паднала кафената, но би погрешиле. Били има природно руса коса!
За да се увериш погледни ја втората фотографија на објавата!