Смрт на ликови од филмови и серии за која луѓето и денес жалат: Овие 10 ги расплакаа сите

Смрт на ликови од филмови и серии за која луѓето и денес жалат: Овие 10 ги расплакаа сите

Објавена во: Stars // Филм

Иако починаа, ќе останат запаметени...

Без оглед на тоа што станува збор само за филмови и серии, тоа не значи дека нивната смрт не може да нѐ погоди. Сите барем еднаш сме се расплакале, бидејќи некој починал во филмот кој го гледаме, а овие ликови и нивната смрт тешко дека ќе ги прежалиме некогаш.

Ако никогаш досега немаш плачено поради нечија смрт во филм или серија, тогаш си навистина силна личност! Но, факт е дека скоро сите плачеме поради смртта на некој лик во филмовите и сериите, па така за некои однапред знаеме дека треба да си земеме марамчиња. На „Reddit“ се отвори дебата за тоа на кои ликови од филмовите и сериите луѓето никако не можат да ја прежалат смртта, а токму овие 10 имиња најчесто се споменуваат во коментари.

# Стоик („How to Train Your Dragon“)

Ретко кој останува рамнодушен на овој анимиран филм. Така и еден корисник на „Reddit“ наведе дека него најмногу го погодила смртта на Стоик, еден од главните ликови во овој филм. Тој бил татко на Хикап, а корисникот наведува дека не можел да ги смири солзите по неговата смрт.

via GIPHY


# Џон Кофи („The Green Mile)

Оние кои го гледале овој филм веќе знаат кој лик, корисниците на „Reddit“ најмногу го споменувале. Во прашање е Џон Кофи, главниот лик, кој е осуден на смртна казна поради злосторството кое никогаш не го направил.

# Сириус Блек („Harry Potter and the Order of the Phoenix“)

Сириус Блек е лик пој почина во ова продолжение на Хари Потер. Многумина тагуваа з анего, бидејќи беше во добри односи со Хари, со оглед на тоа што беа пријатели, семејство, но и кумови. Сириум го штитеше Хари на неговиот пат, па токму поради тоа многумина беа тажни што почина во ова продолжение.

# Баба („Forrest Gump“)

Баба е лик од овој култен филм кој најчесто се споменува во оваа дебата на „Reddit“. Во прашање е еден од најдобрите пријатели на Форест Гамп, а се наведува токму тажната сцена во која Форест се обидува да го најде Баба и на крајот го пронаоѓа, но мртов. 

# Старецот („Squid Game“)

Уште еден од ликовите кои често се споменуваат глумеше во популарната серија на Нетфликс. Во прашање е старецот кој беше дел од играта на преживување. Во еден момент во серијата, изгледаше дека старецот умира во текот на играта со џамлии, па корисниците на „Reddit“ и тоа го наведуваат како смрт на лик од серијата која ги растажила.

# Глен („The Walking Dead“)

Обожавателите на оваа серија знаат чие име најмногу се споменуваше кога се во прашање гледачите кои се тажни поради некоја смрт. Токму поради тоа во прашање е Глен Ри, лик од наведената серија кој им беше омилен на многумина, а на крајот е убиен во една од епизодите на серијата.

# Доби („Harry Potter and the Deathly Hallows“)

На оваа смрт од споменатиот филм никој не остана рамнодушен, токму поради тоа и тој е еден помеѓу најчестите одговори. Во прашање е Доби, малиот елф, кој му беше пријател на Хари. Тој умира поради убодна рана, откако ги спаси од нападот на Волдеморт.

via GIPHY

# Муфаса („The Lion King“)

Уште еден анимиран филм каде луѓето тагуваа за еден од главните ликови. Во прашање е Муфаса, таткото на Симба, кој почина на самиот почеток, така што падна од висока карпа, а Симба по неговата смрт побегна. Никој не ја заборава тажната сцена кога Симба доаѓа кај него на дноот од кањонот и сфаќа дека е мртов.

# Боб („Stranger Things“)

Моментално е екстра популарна серија, но истовремено серија со тажни настани, а најмногу поради смртта на еден лик. Во прашање е Боб кој го нападнаа суштествата од серијата, поради што на крајот умре. Сето ова се случи во втората сезона од серијата, но многумина уште тагуваат по него.

# Огастус („The Fault in Our Starts“)

Огастус Ватерс беше лик од овој филм кој на крајот почина. Иако е негова девојка, Хазел Грејс, исто така беше многу болна и сите се подготвуваа за нејзината смрт, но на крајот тој почина прв. По нивната прекрасна љубовна приказна, никој не можеше да остане рамнодушен на говорот на Хазел, кој му го посвети по смртта.

фото: Принтскрин / imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: