Снежна бајка од Копаоник: Лина Пејовска во опуштено издание позира на планина (ФОТО)

Снежна бајка од Копаоник: Лина Пејовска во опуштено издание позира на планина (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Ужива во убавините кои ги носи зимата...

Иако поголемиот број луѓе повеќе го сакаат летото и сите благодети кои тоа ги носи со себе, сепак постојат и такви луѓе кои ја сакаат зимата. Овој период од годината го користат за да ги посетат најпознатите ски центри и максимално да уживаат во него.

Една од нив е и младата пејачка Лина Пејовска, која се спакува и замина на снежниот Копаоник. Освен убавините на планината, Лина покажа дека таму друштво ѝ прави нејзината мајка, со која сподели фотографија на стори.

Она што на сите им го привлече вниманието беше низата фотографии кои младата пејачка ги сподели на својот Инстаграм профил. На нив е облечена во хеланки, дуксер, топли чизми и долга зимска јанка, и не можеме, а да не забележиме дека на себе има и минимална шминка.

Оваа издание на Лина помина одлично и кај нејзините следбеници, а за тоа најдобро зборуваат бројот на лајкови и коментари кои таа ги доби на оваа објава.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: