Со 24 трки во Европа македонецот Христо Ковачи забележа големи успеси

Со 24 трки во Европа македонецот Христо Ковачи забележа големи успеси

Со извозени 24 трки по тркачките патеки низ Австрија, Италија, Словенија и Србија, Христо Ковачи како најмлад Македонец, оваа година зеде учество во ЦЕЗ (Централна Европа Шампионатот), АМФ (Австрискиот Шампионат) и ССЦ (Спорт Стил Шампионат).

Во Централната европска зона од вкупно 24 натпреварувачи Ковачи е 9-ти, но поради поклопување на датуми, тој учествуваше на шест трки помалку од останатите. Во Австрискиот шампионат се пласираше 6-ти, а освен успехот во Австрија, на Спорт Стил Купот го освои 3-тото место во генерален пласман. 

„Оваа тркачка сезона ми беше огромен предизвик како дебитант. Во новата класа на „Мини Макс" бев најмал но направив одлични резултати и успеав да земам неколку подиуми. Особено сум горд на освоеното прво место во Рехнитц, Австрија. Не можам да го опишам чувството кога јас од Македонија со само неколку дена тренинг ќе успеам да ги победам своите конкуренти во нивната матична држава и на стаза која ја тренираат секој викенд“ - вели талентираниот Ковачи.

Следната година Христо очекува дека ќе помине уште поуспешна сезона и се надева дека ќе биде повеќе време на тренинзи на патеките кои ќе ги вози.

„Сакам да се заблагодарам на моите родители кои секогаш во се што правам се со мене, целата јавност и сите мои следачи и поддржувачи, медиумите, моите другари, Автомобилистичката Федерација и секако Мамас и Агенцијата за Млади и Спорт кој дадоа финансиска поддршка“ - додаде тој по завршувањето на успешната сезона.

Можеби ќе ве интересира: