Со ампутирани раце и нозе професионално шминка и е шампион во трамболина, а има само 15 години!
Изабел Вел е необична и позитивна 15-годишна девојка. На 15-ти септември 2010-та година, кога имала само 7 години, таа е заразила со менингитис, што довело до тоа да се ампутираат нејзините раце и нозе. По тешката борба и шансите за спас на нејзиниот живот кои биле само 1 %, Изабел и нејзините лекари дале сѐ од себе за да се спаси.
Денес таа е национален шампион во трамболина, има свој сопствен канал на YouTube со туторијали на шминка, стана професионален рели возач и ги импресионира сите што ги среќава со нејзиниот позитивен став.
Изабел не е инспирација само за луѓето со хендикеп, но и за сите останати. Нејзината порака е секој да се сака на свој начин и да се прифати себеси онаков каков што е.
Како нејзина безрезервна поддршка секогаш ги има нејзините родители, но и нејзиното помало братче со кое секој ден ѝ е посебен.
Неверојатно е како успева да се шминка како вистински професионалец, а едни од нејзините омилени производи се оние на Huda Beauty, брендот на Ријана. Токму официјалниот профил на Huda Beauty вчера сподели едно од видеата на Изабел, со што нејзината слава стана вирална, и доби многу нови следбеници кои несебично ја поддржуваат.
Изабел сега има над 120.000 следбеници на YouTube.
Одлуката која ја донела пред 8 години е она што ја води низ животот и се надева дека ќе биде така секогаш. Изабел е преубава тинејџерка која навистина е полна со живот.