Со еден потег ја разбранува јавноста: Дали Бресквица се сврши?! (ФОТО)
Нејзината последна објава на Инстаграм заинтригира многумина...
Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица ги збуни и заинтригира сите со својата последна објава на Инстаграм. Имено, таа во рамките на стори, објави огромен букет од црвени ружи со панделка, додека во описот стави емотикон срце, но и веренички прстен.
Многумина, поради ова се посомневаа дека Бресквица се свршила, меѓутоа, таа не кажа ништо повеќе за тоа, туку остана мистериозна.
Што означува емотиконот прстен, тоа го знае само пејачката, но секако ваквиот букет означува романтичен гест, кој најверојатно го добила од својот избраник.
За потсетување, јавноста е заинтригирана за љубовниот живот на Бресквица, со оглед на тоа што има многу разочарани обожаватели по нејзината разделба со Михајло Веруовиќ - Војаж. Таа на почетокот на годината го откри името на новото момче, меѓутоа, неговиот идентитет остана непознат.
„Јас сум во врска, само што никој не погоди кој е и нема ни да погоди. Научив да кријам сѐ што правам. Никој не знае каде сум и што правам и тоа ми е најважно, да имам свој мир.
Тој е некој кој ја сака својата приватност и јас не сакам да го покажувам, ако тој не го посака тоа. Тоа е ОК и нема никакви проблеми помеѓу нас поради тоа. Просто, јас имам своја работа, тој своја. Ние сме постојано заедно, не се разделуваме. Тој не е некој кој сака да се експонира и јас го почитувам тоа“ - кажа Бресквица порано за своето момче и додаде дека воопшто не му пречи нејзината професија.
фото: Принтскрин / Инстаграм