Со едно прашање ја дознала болката на своите ученици: Наставничката добила одговори кои ѝ го скршиле срцето
Откако им поставила едноставно прашање, наставничката во трето одделение ја дознала тешка вистина за своите ученици...
Наставничката од Денвер, Колорадо низ едно прашање научила многу за страдањата на своите ученици и нивните повици за помош. Таа одлучила, својата кариера да ја посвети на помагањето на децата, кои треба да се подготват за животот во Америка. А, за да го направи тоа, Кајл Шварц, наставничка во трето одделение во основно училиште, сакала да дозане што повеќе за своите ученици, нивните животи и потекло.
Но, откако им поставила едноставно прашање, ја дознала тешката вистина за своите ученици. Поголемиот дел од нив доаѓаат од сиромашни семејства кои не се во можност да им го дозволат на децата ниту она што е основно за живот, вклучувајќи го оброкот на училиште.
Во тоа училиште 92 проценти од учениците се во програмата за поддршка за добивање бесплатен ручен на училиште. Училиштето ја започнало оваа програна, затоа што не сакало неговите ученици да гладуваат, бидејќи нивните родители не можат да им овозможат храна. Така, училиштето може да им овозможи на учениците ручек, кој се плаќа од даноците.
Шварц веќе знаела дека повеќе нејзини ученици потекнуваат од семејства кои не можат да им дозволат ручек. Но, ја интересирало што им недостасува дома. Зошто? Бидејќи сакала да види дали може некако да им помогне.
Но, не сакала да ги навреди или налути. Таа сфатила дека нејзиното прашање е многу чувствително. Така таа се сетила на многу генијален начин да дознае информации за нејзините ученици без да мора директно да ги праша.
Одлучила да им го постави следното прашање на своите ученици:
„Што сакате вашата наставничка да знае за вас?“
Таа поставила голема табла која им овозможува на учениците да останат анонимни. Им кажала да напишат што сакаат на лист, и секако тоа да го направат додека никој не ги гледа.
Кајли очекувала тажни пораки. Но, не била подготвена за очајот кој тие го споделиле со неа.
Некои ученици ѝ принзале дека нивните родители никогаш не биле дома, бидејќи имале 2-3 работни места и постојано работеле. Некои деца немале ниту малку храна дома. А, некои немале моливи или хемиски пенкала за да го напишат домашното. Други пак ѝ признале дека биле малтретирани од другите деца, за што Кајл не била свесна.
Следните пораки ѝ го скршија срцето на оваа наставничка:
„Сакам мојата наставничка да знае дека немам со кого да си играм“.
„Сакам наставничката да знае дека мојата лектира понекогаш не е потпишана, затоа што мајка ми често не е дома“.
„Сакам наставничката да зане дека се грижат, бидејќи мојата мајка е постојано болна и синоќа беше во болница“.
„Сакам мојата наставничка да знае дека немам моливи со кои ќе ја напишам домашната задача“.
„Сакам мојата наставничка да знае дека често ме исмејуваат во одделението. Го мразам тоа“.
Кајли се обидела да направи нешто околу некои проблеми, но таа како наставничка, не можела да го поправи сето тоа. Се обидува да им помогна на оние кои немаат никој.
Што мислите вие за оваа иницијатива на наставничката?
фото: Принтскрин / Awm.com