Со инвалидска количка го пропатува половина свет: Што прави денес девојчето кое инспираше многумина?

Со инвалидска количка го пропатува половина свет: Што прави денес девојчето кое инспираше многумина?

Објавена во: Совети // Семејство

Девојката која е една до многуте луѓе кои во 2015 година избегале од војната во Сирија, во потрага за подобар и посреќен живот...

Пред пет години, кога беше врвот на мигрантската криза, светот го заобиколи веста за тогаш 16 - годишната девојка, која патот долг повеќе од 5.600 километри, од Сирија до Европа, го помина во инвалидска количка. Тогаш успеа да стигне до Германија, каде што живее со сестрата и братот, додека нејзините родители се и понатаму во Турција.

По пожарот во центарот за бегалци Морија, на грчкиот остров Лезбос, кој стави илјадници луѓе без засолниште, Германија објави дека планира да прими над 1.500 мигранти.

Трагедијата многу луѓе потсети на кризата од 2015 година, кога голем број луѓе побегнаа од војната и сиромаштијата.

Тогаш светот го заобиколи веста за девојката Нужен Мустафа, бегалка од Сирија, која до Европа стигна со инвалидска количка.

Со неа на границата помеѓу Србија и Унгарија разговараше новинар од Би - Би - Си, а девојката тогаш зборуваш за своите големи соништа.

„Би сакала да бидам астронаут и да пронајдам вонземјани, да ја запознаам кралицата“ - откри со насмевка.

Нужен е родена со церебрална парализа. Побегнала од војната во својата земја, Сирија и преминала од Турција во Грција.

Семејството немало доволно пари за да може сите безбедно да стигнат во Германија, каде што живеел нејзиниот брат, па така нејзините родители останале во Турција, додека таа со сестрата тргнала на пат.

Патувала преку Балканот, но во Словенија била ставена во центарот за притвор. На крајот сепак успеала да стигне до Германија.

Сега живее во мирно предградие во Келн, а како што кажа во разговорот со истиот новинар од Би - Би - Си со кој првпат се сретнала на српско - унгарската граница, се уште сака да ја запознае кралицата и да стане астронаут.

„Но, во училиште открив дека сум ужасна во математика, па најверојатно ќе морам да преминам на план Б“ - рече девојчето.

Нужен сака да студира психологија за да им помогне на жртвите од војните, а сега е истакната активистка за бегалците со инвалидитет. Минатата година зборуваше за во Обединетите Нации.


Нејзините родители и понтаму се заглавени во Турција, но Нужен најмногу ја боли тоа што не може да видат каков е нејзиниот живот во Германија.

Сепак, како што вели на крајот, еден ден сака да се врати во Сирија.

фото: STR, AFP, GETTY

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: