Со кој се бакнува Тимоти Шаламе? Го уловија со една девојка - еве која е таа (ФОТО)

Со кој се бакнува Тимоти Шаламе? Го уловија со една девојка - еве која е таа (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Поради наводниот бакнеж девојката добива смртни закани...

Многу нешта се случија на Коачела, музичкиот фестивал кој се одржа викендов. Така, папараците го уловија Тимоти среде бакнеж со (не)позната девојка.

Тимоти има армија обожавателки и изгледа дека не им се допадна веста дека нивниот драг актер се бакнува со некоја девојка. Постојат папарацо фотки кои покажуваат како Тимоти се бакнува со некоја девојка на музичкиот фестивал кој се одржа викендов. Иако е уловено од далечина, постојат добри претпоставки за тоа која е девојката. Станува збор за модел за кој можеби немаш слушнато, но кој е многу популарен. Таа е Сара Талиби.


Дали тие двајца навистина се бакнуваа? Дали се во врска? Има милион прашања, а одговорот кој Сара го даде за „Page Six“ не е од некоја корист.

Тие ѝ побарале коментар за озборувањата дека се бакнувала со Тимоти, а таа на тоа им одговори: „Сите ме прашуваат дали се бакнував со Тимоти Шаламе на Коачела, и тоа е добро прашање. Но, подобро би било да се прашаат светските лидери зошто планетата Земја моментално губи 1.2 билиони мраз поради глобалното затоплување и зошто нивната реформа за климатската криза не се покажа како ефикасна“. 


Ова дефинитивно не е одговорот што би го очекувале од модел.

За само неколку дена, Сара почнала да добива и смртни закани од „обожавателите“ на овој актер.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: