Со мене се од раѓање, но често ги мешам: Запознајте ги преслатките близнаци - синови на Лидија Оцокољиќ, кои самата Цеца едвај ги разликува

Со мене се од раѓање, но често ги мешам: Запознајте ги преслатките близнаци - синови на Лидија Оцокољиќ, кои самата Цеца едвај ги разликува

Објавена во: Совети // Семејство

Првата епизода од документарно-играниот серијал „Цеца шоу“ премиерно ќе биде прикажан вечерва, петок, 7-ми октомври, на српската телевизија „Блиц“ во 22 часот, додека репризата ќе биде во сабота во 20:20 часот. Гледачите на МТС каналот 115 ќе имаат можност да се запознаат со Петар и Илија Оцокољиќ, внуците од сестра на балканската ѕвезда Светлана Ражнатовиќ Цеца.


Цеца, по сопствено признание, често не прави разлика меѓу синовите на нејзината сестра Лидија Оцокољиќ.

- Често ги мешам имињата на близнаците. Само ги грешам. За Илија мислам дека е Петар, за Петар мислам дека е Илија, но тоа е во некои ситуации. Иако овие деца се со мене од раѓање, тие толку многу си личат. Само кога ќе ги погледнам од напред знам кој е кој, но не од профил или одзади. Тие се идентични - со широка насмевка вели Ражнатовиќ.

Од друга страна, на близнаците не им е јасно како некој има проблем да ги разликува бидејќи, како што самите истакнуваат, разликата е очигледна.


- Има многу разлики. Најчесто се разликуваме по дупчето на едниот образ. Кога имавме сипаници, Илија се изгреба и остана со лузна - истакнува Петар, додека Илија продолжува со зборовите:

- На фудбалскиот терен се разликуваме по тоа што Петар шутира со десната нога, а јас со левата. Играме на различни позиции. Носам број 45 и играм десно крило!

- Носам 33 и играм десен бек. Не играме на исти позиции, Илија е подобар во напад, а јас во одбрана. Кај нас не постои подобар - заклучува Петар.

Извор: blic.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: