Со музика се занимава од 10 години, Констракта му ги отворила погледите: Кој е младиот Лук Блек кој ќе ја претставува Србија на Евровизија?

Со музика се занимава од 10 години, Констракта му ги отворила погледите: Кој е младиот Лук Блек кој ќе ја претставува Србија на Евровизија?

Објавена во: Stars // Музика

Со својата харизма и шарм ги освои сите на српскиот избор за песна на Евровизија...

Младиот поп пејач Лук Блек на српскиот избор за песна на Евровизија се престави со песната „Само ми се спава“, каде и ја однесе победата. Тој во мај ќе ги брани боите на Србија на најголемото музичко натпреаварување - Евровизија.

Лук Блек или Лука Ивановиќ од Чачак, е кантавтор и прв соло изведувач со екслузивен договор со Universal Music Group и досега има издадено 4 EP.

Лук со авторска музика се занимава од 2005 година. На 12 години почнал да пишува текстови, а на 16 да компонира музика и да пишува аранжмани. Во тој период снимил 6 албуми, кои ги слушнале само неговите најблиски пријатели.

Две години подоцна се сели во Белград, поради студиите по англиски јазик и книжевност. Она што Лука го издвојуваше од останатите натпреварување на изборот е мзуиката која апсолутно се разликува од стандардите кои постојат на Балканот.

Овој млад уметник веќе 6 години живее и работи во Лондон каде и ја создал песната со која се обиде да победи и да ја претставува Србија на Евровизија. 

На јавноста за првпат ѝ се претстави во мај 2014 година, во рамките на „Грувленд“ фестивалот, кога премиерно го изведе синглот „D-Generation“. Освен со авторска музика, се занимава и со аудио продукција и режија на сопствените настапи и музички спотови.

Барајќи го својот музички израз експериментира и испробува нови и неочекувани форми и стилови.

Тој во една прилика за „Телеграф“ откри како дошло до тоа да се пријави на натпреварувањето за Песна на Евровизија.

„Мислам дека изборот за Песна за Евровизија се промени во последните години во однос на тоа како јас ја доживував. Фестивалот го доживував така што сметав дека на него мора да се пријави некој традиционален звук или деовјки кои се оскудно облечени. Тој некој стил кој на мене не ми е близок. Мислев дека не постои концепт, а тој концепт мене најмногу ме инспирира во создавањето музика. За себе не можам да кажам дека сум пејач или текстописец, повеќе би кажал дека сум уметник. Затоа мислев дека таму за мене нема место, но откако победи Констракта, таа е дел од мојата средина на музичари со кои се чувствував добредојдено“ - објасни тој, па додаде:

„Некако ми ги отвори погледите и сфатив дека можеби и погрешив кога станува збор за натпреварувањето и она што тоа претставува. Со самото тоа дојдов на идеа да се пријавам на крајот на минатата година, кога беше конкурсот. Тоа се случи случајно. Јас многу време поминувам на Твитер и сум некој кој сака да се шегува, така што на Твитер се пошегував дека по победата на Констракта имам подготвена песна за Евровизија и луѓето многу позитивно изреагираа. Потоа не сакав да ги изневерам“.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: