Со овие зборови го храбреше Гудељ: Анастасија Ражнатовиќ во Катар во зидание во кое никогаш не сте ја виделе (ФОТО)

Со овие зборови го храбреше Гудељ: Анастасија Ражнатовиќ во Катар во зидание во кое никогаш не сте ја виделе (ФОТО)

Објавена во: Спорт // Фудбал

Србија, вчера го изгуби натпреварот на Светското првенство од Бразил со 2-0, но играчите имаа голема поддршка, како од „обичните“ навивачи кои отпатуваа во Катар, така и од своите поубави половини.

Анастасија Ражнатовиќ не ја пропушти можноста да навива за репрезентацијата и да го бодри својот партнер, Немања Гудељ.

Таа е девојка која е позната по своите отмени и екстравагантни модни комбинации, но вчера направи исклучок. Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, како што доликува на приликата, го покажа својот навивачки изглед.

Таа го бодреше Гудељ од трибините во црвен дрес од репрезентацијата, со качкет во боите на српското знаме и со високо кренати три прста. Ова е едно многу нетипично издание за секогаш елегантната Анастасија, но и таа покажа дека прекрасно изгледа и во спортско - навивачка варијанта.

Иако Србите изгубија,убавата пејачка не го губеше оптимизмот и Немања Гудељ и останатите играчи ги охрабруваше кратко и јасно.

„Одиме понатаму“ - порача Анастасија со емотикон срце.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Спорт // Фудбал

Можеби ќе ве интересира: