Со видео приказна посакаа убав распуст: Дајте музика и Нокаут порачуваат „Музика под итно“

Со видео приказна посакаа убав распуст: Дајте музика и Нокаут порачуваат „Музика под итно“

Објавена во: Stars // Музика

Песната „Музика под итно“, која момците од Нокаут заедно со екипата од „Дајте музика“ ја претставија во една од епизодите од оваа ТВ емисија, доби видео приказна.

Ова видео е полно со позитива, која е потребна во овие денови, а истото го објавија денес, на 10 јуни, со цел да го поздрават последниот училиштен ден.

„ОГРОМНА благодарност до сите наши фанови кои нѐ следевте, ни пишувавте, нѐ поддржувавте и нѐ охрабрувавте во оваа наша навидум невозможна мисија да врвиме напред: со извалкани патики, искинати панталони, исфлекани маици, калливи раце, многу искарани од продуцентите, но секогаш со полни срца ЉУБОВ! ВЕ ГУШКАМЕ СИТЕ! Имајте убав распуст, почитувајте ги мерките и препораките за заштита и останете во добро здравје #ЧувајтеСе !!! Ииии се гледаме наскоро со нови и интересни содржини!“ - напишаа во својата објава на Фејсбук и воедно им се заблагодарија на сите кои беа инволвирани во реализацијата на овој проект.


Во продолжение погледнете го видеото и уживајте со добрата музика:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: