Сопругот ја претепал сестрата на српската ТикТокерка: Главата ѝ ја удирал во плочките, а на двемесечното бебе му направил модринки (ФОТО)
Како што наведува, сето ова се случило вчера вечер околу 21 часот, а стравичните фотографии од модриците на телото на сестра ѝ, ТикТокерката ги сподели на Инстаграм...
Популарната ТикТокерка Уна Каблар со следбениците на Инстаграм сподели дека нејзината сестра Сара била претепана од споругот Д.Х., кој ѝ нанел повреди на неа, но и на нивното двемесечно бебе.
Како што тврди, нејзината сестра добила страшни удари од својот сопруг, а потоа исто така наводно ѝ се заканувал дека ќе ѝ го одземе старателството над детето, ако се разведе од него.
ТикТокерката сподели вознемирувачко видео од модриците кои се појавиле на телото на сестра ѝ, а потоа детално опиша што се случувало во изминатата ноќ.
„Сопругот на мојата сестра вечерва ја претепа мојата Сара, скоро до смрт. Главата ѝ ја удирал во плочки, ја стегал за вратот обидувајќи се да ја задави, а потоа ја ударал со сета сила. Го притискал бебето старо двамесеци и му направил модринки, со закана дека ќе ѝ го одземе старателството ако се разведе од него“ - напиша Уна.
По ударите, како што понатаму наведува Уна, Д.Х. својата сопруга и дете ги однел во Военомедицинската академија, а потоа избегал.
„Откако ја осакати вечерва, ја однел до ВМА и избегал додека не дошле татко му и брат му, бидејќи е татино синче. Дојдоа насмеани пред полицијата, а таткото се пошегува дека е горд на својот син и дека допрва ќе биде. Откако рековме дека ќе објавиме сè, татко му почна да се заканува, велејќи дека и за тоа има лек, бидејќи смета дека со пари сè може да се реши. Во најдобар случај ќе биде казнет само со забрана за приближување, иако вечерва ја претема сестра ми, речиси до смрт и сè уште не знаеме какви се сите последици од повредите кои ги доби поради него“ - напиша Уна и ги замоли сите да ја споделат нејзината објава, за да им помогнат во борбата со семејното насилство, насилството врз жена и бебе од два месеци.
„Имаме уште многу што да кажеме, но моментално сме во шок“ - заврши таа.
Според зборовите на ТикТокерката, сето тоа се случувало вчера вечер околу 21 часот. Како што наведе, на сестра ѝ ѝ го снимале вратот, градниот кош, главата, белите дробови, а поднела и кривична пријава во полиција. Во еден момент, сестра ѝ дури се онесвестила, наведе Уна.
фото: Принтскрин / Инстаграм