Соработка на Хепи Енд, браќата Иван и Јован Јованови и Слаткар
По минатогодишниот успех на „Кога би била моја“, момците на еден од најпопуларните машки бендови кај нас „Хепи енд“, ја промовираа својата нова авторска песна насловена „Лажев“. „Создавањето на авторски песни ни беше приоритет уште при самото формирање на бендот. Нашата идеја е со квалитетна македонска музика да се наметнеме на публиката, а токму втората песна веруваме дека ќе биде препознаеме како добар пакет и ќе го повтори успехот како нашето првенче“, велат од „Хепи енд“.
„Лажев“ е комплетно дело на браќата Иван и Јован Јованови, кои ги направија музиката и аранжманот, а текстот е на Слаткар и Томислав Тофиловски. Спотот за песната е снимен на повеќе локации.
Момците од бендот за престојниов период најавуваат и нови музички проекти.