Соседите на Меган и Хари добија правилник како да се однесуваат кога се во близина на кралскиот пар
Меган и Хари навистина не се обични соседи, како што сите ние имаме. Тие сепак се малку поинакви. Имено, сите кои живеат во близина на нивниот дом во Frogmore Cottage во Windsor добиле правилник како смеат, а како не смеат да се однесуваат во нивна близна.
Погледнете неколку од правилата кои соседите на ова семејство мора да ги почитуваат:
# Немојте да се приближувате на имотот ниту да започнувате разговор доколку го сретнете кралскиот пар.
# Немојте ни да ги отпоздравувате со „Добро утро“ и слични работи доколку ви се обратат.
# Немојте да ги галите нивните кучиња, дури и да ви пријдат.
# Немојте да се понудите да ги шетате кучињата.
# Немојте да барате посета кај бебето Арчи, ниту пак да се понудите да го чувате.
# Немојте да ставате било што во нивното поштенско сандаче.
Наводно овие луди правила пристигнале од Бекингемската палата, односно од некој е на врвот, но е премногу заштитнички настроен кон нив двајца. Исто така, Меган и принцот Хари наводно воопшто не знаеле дека некој оваа листа ја испратил до нивните нови соседи.