Совет за совршен „мејк ап“ за девојки со пеги!
Не се срамете од пегите, напротив истакнете ги и бидете посебни...
Доколку имате пеги на лицето, обидот да ги прекриете истите е едноставно погрешен, затоа ви даваме неколку совети како да се нашминкате и истовремено да ги искористите како адут.
# Користете светла подлога
Кога нанесувате подлога клучно е да изберете некоја која ќе направи проѕирен вел преку вашето лице. Сите непроѕирни нијанси ќе направат вашата кожа да изгледа замачкано – ова е совет од познатата мејк ап артистка Мишел Кларк.
# Искористете го својот врат за да ја пронајдете совршената нијанса на подлога
Да се избере вистинската нијанса за подлога не е воопшто лесна работа, но кога имате пеги може да биде уште потешко. Мејк ап артистите препорачуваат да ја споредите нијансата со онаа на вратот. Ова е навистина важно доколку сакате да го избегнете нанесувањето на темни нијанси.
# Потполнете ги празнините
Доколку вашите пеги не се распоредени онака како што вие сакате, амбасадорката на бредот Maybelline New York за Франција, Carole Colombani препорачува да си купите неколку различни нијанси на кафени моливчиња и да го потполните празниот простор. Според неа, најдобро е да ги користите моливчињата за веѓи, бидејќи со тоа ќе добиете пригушена моја која изгледа навистина природно на кожата.
# Додадете светло со помош на бронзер
Најдобро е да користите голема мека четкичка до природни влакна за нежно да ја размачкате бојата. Кларк наведува дека нанесувањето треба да започне од местата каде што сонцето удира – јаболкниците, носот и врвот на брадата.