Совети кои ќе ти помогнат да ги одбегнеш ноќните мори!
Често имаш кошмари? Од ноќните мори всушност можеш и да побегнеш: освен што не би требало да гледаш хорор филмови пред спиење, еве на што уште треба да обрнеш внимание....
Немој да спиеш на грб – може да предизвика еден поинаков вид на кошмари, „парализа во сон“: иако си буден и свесен, не можеш да ги отвориш очите или да се поместиш. Ова се случува ретко, но што е сигурно, сигурно е – подобри пробај да спиеш на бочните страни или на стомак.
Пази што јадеш – исхраната може да влијае на твојот сон. Избегнувај се што во себе има кофеин, бидејќи тој му смета на добриот сон. Јаглерохидратите пред спиење ќе ти дадат премногу енергија, а продуктите кои тешко се варат може да предизвикаат грчеви во стомакот и повторно нема да можеш добро да спиеш.
Извегнувај електрика – светлото од екраните, како што се мобилните телефони, лап топите или телевизорите, негативно влијаат на нивото на мелантонин – хормонот кој игра важна улога кај спиењето и будењето.
Мисли на нешто убаво – пред да одиш да спиеш замисли некоја слика која ќе те опушти. Замисли некое место на кое се чувствуваш убаво, смирено и сигурно. Нека тоа ти биде последната мисла пред да потонеш во длабок сон.