Совршени вежби за оние кои не сакаат да спортуваат и да се потат!
Не си тип што сака да трча, не вежбаш по дома со YouTube видеа од тренери, додека сите бегаат од часовите по математика ти сакаш да побегнеш од физичко – те разбираме! Затоа направивме листа на работи што може да ги правиш, а да не се потиш и истовремено да имаш физичка активност.
# Планинари – ова е
идеална активност за време на викендите особено ако се собере цело душтво. Два
часа пешачење, многу вода и дишење – одлична комбинација.
# Пешачи - одењето до фрижидер и назад во соба не се брои како пешачење. Обиди се што повеќе да одиш пешки и да шеташ барем еден час особено пред спиење, тоа ќе ти го олесни сонот.
# Танцувај – на прв поглед ова ти звучи смешно, но е одлична физичка активност. Направи си некоја компилација од омилените песни, затвори се во соба и опушти се. Танцувањето е супер начин за намалување на калориите.
# Вози велосипед – Направи си дневен план и вози велосипед до училиште, до продавница или едноставно врти кругови низ маало. Еден час возење велосипед на ден е одлична активност, а исто така е и идеален спорт ако не сакаш групни тренинзи.
# Јога – знаеме дека кога ќе помислиш на јогата, замислуваш тркалање по под, но тука се лажеш. Јогата може да биде многу интересна, истовремено може да те релаксира и да имаш одлична физичка активност.