Совршено за романтична вечера на море: Анастасија Ражнатовиќ во комбинација која е невозможно да помине незабележана
Пејачката и ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ моментално со момчето Ѓорѓе Куљиќ престојува во Бодрум, Турција, а за една вечера подготви посебна комбинација...
Бидејќи пејачката и ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија со јавноста не споделува премногу детали за својот приватен живот, таа не споделуваше ниту фотографии од својот одмор во престижното летувалиште во Турција, но медиумите пишуваат дека во Бодрум престојува со долгогодишното момче, Ѓорѓе Куљиќ.
Анастасија, која е позната како страствен љубител на модата, веќе сподели неколку фотографии кои сведочат дека повторно отпатувала со добро подготвен куфер, а сега со следбениците сподели една комбинација која без сомнеж ќе ја ископираат многу млади девојки. Бидејќи комплетите оваа сезона несомнено ги заменија комбинезоните и станаа хит парчиња кои се неопходни во плакарот на секоја девојка, Анастасија исто така избра еден таков.
Таа се определи за тесни панталони со висок струк и горен дел со долги ракави кој се врзува под градите и го открива стомакот, а станува збор за комплет со многу ефективен цик-цак шарен дезен.
Анастасија овој изглед го надополни со пуштена коса и локни, а интересно е што на себе немаше ни премногу шминка.
Совршена комбинација за романтичен состанок покрај море.