Создаде хартиена копија: Студентка го рекреираше својот омилен Мет Гала фустан
Студентка за моден дизајн рекреираше фустан од 200.000 фунти, за само 30, користејќи само 500 листови хартија и 120 лепила.
Карина Бондарева беше повикана да изработи сензација од оригами во мај, кога американскиот актер Били Потер ги предизвика своите обожаватели да го рекреираат својот омилен Мет Гала изглед, откако пандемијата на коронавирусот ја откажа овогодинешната модна изложба.
Младата амбициозна дизајнерка, која студира на престижното модно училиште, универзитетот Централ Сент Мартинс во Лондон, потроши само 30 фунти за материјалите за репродукција на фустанот вреден 200.000 фунти.
За да се создаде оригиналниот фустан беа потребни 2.000 часа, а креативната Карина својата хартиена копија ја создаде за само 72 часа.