Спакувајте го подарокот без хартија и селотејп: Испробајте го методот кој го освои светот и бидете уникатни (ВИДЕО)

Спакувајте го подарокот без хартија и селотејп: Испробајте го методот кој го освои светот и бидете уникатни (ВИДЕО)

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Методот стана популарен поради својата уникатност...

Се наближува периодот на дарување, што значи дека е време за пакување на подароците за претстојните празници. Со малку труд од посебно спакуван подарок, можете да направите спектакл и да покажете дека подарокот е навистина од срце.

Фурошики начинот на пакување е подеднакво забавен и еколошки, а воедно е и импресивен начин со кој ќе ги развеселите своите најблиски кога им ги давате подароците.

Станува збор за традиционален јапонски метод за пакување без хартија и селотејп, туку со ткаенина. За ова ви е потребно доволно големо парче ткаенина, со дезен по желба. На тој начин можете лесно да ги завиткате подароците од сите облици и големини.

Целиот процес трае неколку минути, а оној за кој ќе биде наменет подарокот, ткаенината ќе може да ја искористи на многу начини, па истата ќе му биде и дополнителен подарок.

Во видеото во продолжение како да го спакувате подарокот со помош на методот Фурошики:


фото: freepik.com

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: