Спијте во оваа положба доколку имате симтоми на коронавирус - предлагаат кинеските научници

Спијте во оваа положба доколку имате симтоми на коронавирус - предлагаат кинеските научници

Најновото истражување од страна на кинеските научници сугерира дека спиењето во одредена положба може да ги ублажи симптомите на вирусот...

Коронавирусите долго беа на удар на епидемиолозите, бидејќи е познато дека неколку од нив предизвикуваат респираторни инфекции во распон од обична настинка до тешки болести, пишува Express.

Сепак, вирусот КОВИД-19 е нов вирус кој беше потполно непознат за научниците пред да се појави во Вухан во декември 2019 година.

Нашата моментална непријатна реалност е дека ескпертите за здравство учат како да одговорат на вирусот кој досега се покажа дека уништувачки влијае врз населението.

Меѓутоа, новите податоци нудат надеж, бидејќи се повеќе истражувања пронаоѓаат начини за ублажување на штетата која овој вирус ја предизвикува.

Истражувањето кое го направија истражувачите од болницата Зхонгда сугерираат дека најдобро е да спиете на стомак доколку чувствувате благи симптоми на вирусот.

Истражувачите тврдат дека ваквата положба би можела да биде најдобра за белите дробови. До овие претпоставки дошле анализирајќи 12 заболени од коронавирусот кои биле приклучени на респиратори.

Професорот Хаибо Киу кој го водеше ова истражување вели дека некои пациенти подобро реагирале на позитивниот притисок и на положбата во креветот кога биле свртени надоле.

Оваа положба при спиењето може да го олесни дишењето.

Авторите нагласуваат дека ова истражување е направено на мал број пациенти, но дека многу пациенти позитивно реагирале на оваа положба во креветот.

Можеби ќе ве интересира: