Спрскиот кошаркар ѝ бил идол на Меган Маркл: Се појави фотка од периодот кога била дете и го бодрела на трибините
Во далечната 1993 година, Владе Дивац ѝ бил идол на Меган Маркл...
На социјалните мрежи повторно кружи фотографијата од детството на Меган Маркл, а на неа позира со споменатиот кошаркар.
Меган е облечена како навивачка, а Владе Дивац е во дресот со број 12, во тоа време како кошаркар во Лос Анџелес Лејкерс.
Постојат сомневање дека тоа е од снимањето на серијата „Married... With Children“, а поради природата на работата на татко ѝ, Меган често била опкружена со јавни личности.
Таа далечка 1993 години, тогаш 12-годишната Меган го запознала Владе Дивац, кој гостувал во првата епизода од осмата сезона на популарната хумористична серија.
Кели Банди, која ја играше Кристина Еплгејт, во споменатата епизода се обиде да го шармира Дивац, кој во тоа време настапуваше за Лејкерс.