Срцата ни се полни со љубов: Ана Ивановиќ го објави првото видео на кое се гледа нејзиниот трет син
Поранешната тенисерка и нејзиниот сопруг неодамна по трет пат се остварија во улогата на родители...
Од домот на поранешната тенисерка, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајтер на 6 мај пристигнаа најубавите вести.
Имено, убавата тенисерка се породи по трет пат, а семејството на познатата спортска двојка стана побогата за уште член.
Ана и Бастијан веќе ги имаат синовите Лука (5) и Леон (4), за кои сме сигурни дека се пресреќни што добиле брат.
Засега, уште не е познато името на бебето, а додека целиот свет очекува да го дознае, тенисерката и фудбалерот на своите профили на социјалните мрежи го објавија првото видео од новороденчето.
На преслаткото видео се гледаат рацете на сите членови на семејството Ивановиќ - Бастијан, за на крајот да го видиме најслаткото и најмалото раче на нивното трето бебе.
„Здраво свету. Нашите срца се полни со љубов“ - напишаа во описот на видеото на социјалните мрежи.
фото: Принтскрин / Инстаграм