Нешто убаво денес: Се породи тенисериката Ана Ивановиќ, и повторно син
Познатата тенисерка, сопругата на славниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер роди уште еден син.
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ се породи, јавуваат српските медиуми.
Ивановиќ родила уште еден син.
Инаку, ова е третиот син од бракот со познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.
Ана и Бастијан се во брак од 2016 година, во 2018 го добија синот Лука, а Леон една година подоцна.