Средба на поранешните љубовници: Како Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон реагираа еден на друг?

Средба на поранешните љубовници: Како Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон реагираа еден на друг?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Изгледа поранешната двојка останала во многу добри односи...

Во голем број случаи, сите некако секогаш се преплашени од средбата со поранешните партнери.

Но, тоа не е случај со Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон. Откако ја прекинаа врската во август минатата година, тие се сретнаа вчера на Мет Гала. И додека голем дел од нас би се обиделе некако да го избегнат поранешниот партнер, изгледа дека овие двајца љубовници сосема опуштено ја доживеаја средбата.


Ким разговарала со Ашер, а судејќи по фотографиите, Пит решил да се „вметне“ во нивното друштво. И додека Ким гледала со Ашер, Пит гледал во Ким, насмеан од уво до уво. На другата фотографија ја гледаме Ким како се држи за рака со поранешниот, па останува нејасно дали се обидела да го замолчи или само сакала да го допре.

Мет Гала за оваа поранешна двојка има посебно значење, на овој настан за првпат се сретнаа во мај 2021 година. Минатата година се појавија како пар кога Ким го носеше исконскиот фустан на Мерлин Монро и додека Пит ѝ помагаше да се качи по скалите во тесен фустан.

Иако се разделија, останаа во добри односи. Како што пишуваа американските медиуми, им било премногу тешко да ја одржат врската, поради напорните распореди.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: