Среде концерт го побара и развиори македонското знаме: Цеца Ражнатовиќ има посебна љубов кон Македонија
Една од најпознатите пејачки од Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ со олабавувањето на мерките, се врати на работните обврски и веќе закажа неколку концерти низ регионот.
Македонија ќе има можност два пати да се весели на нејзините концерти - прво во Охрид на 14.08.2021, а потоа и во Пробиштип на 21 авугст.
„Се радувам на дружењето“ - напиша таа покрај фотографијата на која ја објави ангендата за ова лето.
Цеца досега има одржано повеќе концерти во нашата држава - Скопје, Охрид, Струмица, Штип, Кавадарди,, Прилеп, Македонска Каменица и многу други градови, а дека негува посебна љубов кон нашата држава говори и фактот што скоро на секој концерт таа од публиката го бара македонското знаме кое го виори на сцената.
Тоа го направи и на еден од концертите кои ги одржа во спортскиот центар „А1 Арена“, кога додека го пееше својот хит „Лепотан“ го побара знамето, а како изгледаше тоа, погледнете во видеото во продолжение (1:15:46):