Средношколци од Чаир создадоа најдобра национална апликација: Ќе го поседат вселенскиот центар на НАСА во САД
Пет средношколци од СОУ „Зеф Љуш Марку“ постигнаа неверојатен успех на националниот натпревар NASA Space Apps Challenge. Имено, тие го освоија првото место, во конкуренција меѓу многу тимови, а како награда добија патување во вселенскиот центар Кенеди во Соединетите Американски Држава.
Овој нивни успех го сподели организацијата Youth Community Center Cair, не криејќи колку се горди на нивните волонтери.
„Учениците на СОУ „Зеф Љуш Марку“, Јасир Идризи, Кренар Ахмети, Дијар Селами, Ендрит Шаќири и Анди Ганиу кои се и волунтери во нашиот младински центар , со ментор Ндерим Нагавци, се еден од победниците на националниот натпревар NASA Space Apps Challenge. Младите кои се натпреваруваа меѓу многу тимови од целата земја, не само што го освоија првото место, туку го добија и правото да го посетат вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Соединетите Американски Држави.“ - напишаа на својот Фејсбук профил од Youth Community Center Cair.
Тие ја искористија оваа можност и им честитаа на младите момчиња за успехот, но воедно и ги охрабрија другите млади луѓе да чекорат по нивниот пат и да постигнат уште поголеми успеси.