Среќен 8 март: „Google“ посвети анимација на Меѓународниот ден на жената

Среќен 8 март: „Google“ посвети анимација на Меѓународниот ден на жената

Меѓународниот ден на жената или попознат како 8 март, е модерен празник посветен на жените...

„Google“ денес посвети посебно внимание на сите дами. Споделија анимација која истакнува безброј начини на кои жените меѓусебно се поддржуваат. 

„Ги славите жените кои растат и градат заедно, и се поддржуваат една до друга; денес, утре и секој ден. Жените кои примарни старатели на луѓето од сите сфери на животот. Жените кои се клучни системи за поддршка една за друга во мајчинството. Во чест на жените ширум светот кои меѓусебно се поддржуваат во сите аспекти од животот - Среќен Меѓународен ден на жената“ - напиша технолошкиот гигант на социјалните мрежи покрај анимацијата.

Секоја буква од зборот „Google“ содржи некоја фотографија, а секоја истакнува различен начин на кој жените влијаат на животот една на друга и допринесуваат во општеството.

Една фотографија прикажува жена која држи говор, друга прикажува докторка која се грижи за своите пациенти, потоа мајка која го сака своето бебе. Кога ќе кликнете на анимацијата, ќе ве дочекаат виолетови конфети и знамиња.

Оваа година, темата на Меѓународниот ден на жената е „Прегрни ја правичноста“.


Можеби ќе ве интересира: