Среќен роденден Вини Пу: Омилениот херој на децата полни 94 години
Милиони деца ширум светот, како и нивните родители, ги сакаат смешните авантури на мечката
Вини Пу и неговите пријатели.
Нивниот омилен лик, во меѓувреме, наполни 94 години.
Кристофер Робин, синот на британскиот автор Алан Александар Милн, сакал да поминува часови пред кафезот со мечка во зоолошката градина. Негова омиленамечка била Вини Пу. Ова е она што го инспирирал Милн да го напише Вини Пу.
Вистинските прототипови на ликовите од „Вини Пу“ се плишаните играчки на синот на Милн. Тоа се мечката Пу, чие оригинално име е Едвард, магарето Јори, прасето , тигарот и зајачето.
Оргиналните кадифени играчки на Кристофер Робин - Пу и неговите пријатели - денес се изложени во јавната библиотека во ЊујоркПрвата книга „Вини Пу“ е објавена на 14 октомври 1926 година. За само 12 месеци се продадени повеќе од еден милион примероци. Вини Пу брзо стана омилен лик на сите - не само на децата, туку и на возрасните. Многу од нив и денес продолжуваат да го цитираат своето милениче. „Кога не знаете каде одите, секогаш одите на друго место“, гласи една од неговите реплики.
На задоволство на малиот Кристофер Робин и сите други деца, две години по појавувањето на првата книга „Вини Пу“ на пазарот доаѓа продолжението - „Куќата во аголот на Пу“. А во 1927 година Милн објавил збирка песни за деца со илустрации на ликовите од „Вини Пу“. Нејзиното име е „Веќе имаме шест години“.
Во 1960 година, компанијата Волт Дизни ги откупи правата на Вини Пу. Во 1996 година, нејзините претставници рекоа дека ликот создаден од Милн ги надмина по популарност сите други ликови на „Волт Дизни“, освен Мики Маус. Според магазинот „Форбс“ во 2005 година, производите на Вини Пу и носатна компанијата годишни приходи од над 5 милијарди долари.