Српскиот претставник на Евровизија се огласи за британските медиуми: Простете што нема да можам да бидам весел, моите мисли се со жртвите и нивните семејства

Српскиот претставник на Евровизија се огласи за британските медиуми: Простете што нема да можам да бидам весел, моите мисли се со жртвите и нивните семејства

Објавена во: Stars // Музика

Најпрво им изрази сочувство на семејствата на настраданите...

Лук Блек, српскиот претставник на Евровизија отпатува во Ливерпул, каде на 9 мај ќе се претстави со песната „Само ми се спава“. Вчера се огласи по повод стравичниот масакр во училиштето на Врачар.

Тој најпрво им изрази сочувство на семејствата на жртвите, со што ја покажа својата почит како претставник на Србија на Евровизија.

„Нашите мисли се со жрвите на нападот во Белград, нивните семејства и блиски. Почивајте во мир“ - напиша Лук.

Меѓутоа, пејачот и во интервју за британските медиуми се осврна на трагичниот настан во својата земја, и пошироко го искоментира злосторството кое го направи тинејџерот.

„Би сакал да се осврнам на досега невидената трагедија која ѝ се случи на Србија, а која се случи во основно училиште. Мислам дека ништо слично досега не сме виделе во Србија и простете ми што нема да можам да бидам весел и присутен секаде, што обично сум, но ова е ужасна трагедија и моите мисли се со жртвите, нивните семејства и оние кои ја преживеаја оваа трагедија“ - порача Блек.

Владата на Србија донесе одлука и прогласи тридневна жалост, која започна од денес, а ќе трае до недела.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: