„Стајлинг на дива, а и „буткаат“ пари в рака“: Снимката на Џејла Рамовиќ од свадба предизвика хаос на социјалните мрежи
Пејачката
предизвика лавина коментари...
Џејла Рамовиќ (21) пееше на Санџачка свадба на Златибор, а едно видео од оваа прослава предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. На прославата Џејла е облечена како холивудска дива - долг црн фустан, ракавици до лактот, блескав накит и совршена пунџа и ништо не би било необично доколку така облечена отиде на светска премиера или гала настан, но таа пееше на споменатата венчавка а тоа предизвика лавина коментари.
Нејзините раце беа полни со бакшиш, а коментарите на луѓето беа спротивставени. Некои истакнуваа дека за промена е убаво да се види пристојно облечена пејачка на свадба на која работи, додека други велат дека ваквиот стајлинг дефинитивно не оди најдобро со прослави од ваков тип.
-„Жената изгледа како милион долари, а и буткаат бакшиш во раце. Не знам, искрено заработени пари, но мене ова ич не ми се допаѓа“, „Стајлинг дива,а ѝ буткаат пари во раце...“, „Колку е убава оваа девојка“, „Остави ја на мира! Нема да ти пречи ако дојде гола, нели?!“, „Девојката си ја работи работата, не ми се верува дека сме шокирани кога некој е пристојно облечен“, се дел од коментарите.
Фото:dzejlaramovic/instagram