Стануваат во 7:30 за да им помогнат на родителите: 13 - годишните близнаци Милица и Милан живеат на планина
Иако наизглед се исти како и нивните врсници, животот на близнаците е многу поразличен.
Милица и Милам стануваат во 7:30 часот и со татко им одат во шума, за да му помогнат да влече дрва. И така секое утро, дури и кога паѓа снег, пренесува РТС.
Не им е тешко на родителите да им помагаат - ја хранат стоката, ги водат воловите, а потоа одат на училиште. Жал им е, што доцна се враќаат од часовите, бидејќи би можеле да помогнат и повеќе.
Поради тоа никој од другарите им нема дојдено на гости, Милица и Милан не слават ни родендени. На шега велат дека волкот им е прв комшија, а мечката најдобар пријател.
Освен пријатели и пат, велат дека имаат се што им е потребно - храна и пиење, бидејќи на повеќе од тоа не се ни навикнати. Но, навикнати се да бидат добри, вредни и чесни деца.
„Ни помагаат во секоја работа, ги носат овците од пасење и ги затвараат. Милан оди со мене и во шума, Милица е малку повеќе со мајка си околу куќата“ - вели нивниот татко Драгиќ Арсеновиќ и додава дека е многу горд на своите деца.
Трошната куќичка е далеку на ридот, два вола, 40 овци и тие четворица - тие се богатство, кое нема цена - барем така велат. Бидејќи имаат здравје, радост и едни на други.