Ставот е јасен: Еве кој побарал Вилијам и Хари да бидат разделени на погребот и како семејството го пречека помладиот принц
Принцот Вилијам и принцот Хари во саботата одеа зад ковчегот на нивниот дедо принцот Филип, за време на погребот во Виндзор. Одлуката за помеѓу нив да биде Питер Филипс меѓу нив била потпишана од кралицата Елизабета Втора, но по желба на еден од внуците.
Принцот Вилијам побарал помеѓу него и принцот Хари да биде Питер Филипс, синот на принцезата Ана, ќерката на Елизабета Втора и војводата од Единбург, пишува „Дејли Мејл“.
Браќата по погребот заминале заедно, поради што се претпоставува дека се смириле, како и дека тоа го започнала Кејт Мидлтон. Сепак, постоела голема напнатост меѓу нив за време на погребот.
Тоа беше нивно прво појавување во јавноста по Мегзит, а „Дејли Меил“ пишува дека многу членови на семејството биле многу ладни кон Хари откако тој пристигнал во Велика Британија пред една недела и заминал во самоизолација, во согласност со епидемиолошките мерки во земјата.
Принцезата Ана, нејзиниот брат принцот Едвард и неговата сопруга Софија го игнорираа Хари и пред и по погребот.
„Иронично, единствениот што покажа сочувство кон него беше принцот Ендру“ - рече изворот, додавајќи:
„Што се однесува до другите, меѓу нив има длабоко чувство на заштита на кралицата и незадоволство кон Хари. Има малку сочувство по она што тој и Меган ѝ го кажаа на Опра. Тие се уште се многу вознемирени, поставувајќи обединет фронт за кралицата. Сите мисли дека се однесувал ужасно.“
фото: Profimedia