Стефан го „прошета“ Новак по теренот: Синот на Ѓоковиќ покажа завидна техника

Стефан го „прошета“ Новак по теренот: Синот на Ѓоковиќ покажа завидна техника

Наследникот на најдобриот тенисер во светот на 6 години покажа дека има дарба...

Стефан Ѓоковиќ, синот на најдобриот тенисер во светот Новак, во октомври ќе наполни 7 години, но уште сега одлично игра тенис.

Толку добро што може да игра со најдобриот играч на светот. Стефан размени неколку удари со Новак на теренот во Монте Карло и покажа дека има талент.

Новак и порано зборуваше дека нема да ги форсира своите деца да се занимаваат со тенис, односно дека ќе им дозволи самите да го засакаат тој спорт, доколку им се допаѓа, а на Стефан очигледно е дека му се допаѓа.

Секако, сево ова го следеше мама Јелена, но не е познато за кого навивала.


Можеби ќе ве интересира: