Стефан Лазаров ја запроси Марта по 6 години врска: Изненадување на Камп Ноу (ФОТО)
Познатиот македонски јутубер Стефан Лазаров ја запроси неговата девојка Марта
Имено тие пред неколку дена прославија шест години откако се во врска, а моментално се на заедничко патување во Барселона.
Таму вчера присуствуваа на натпреварот на Барселона против Елче, каде Лазаров како голем фан на Барса имаше чест да биде сведок на дури три гола на шпанскиот клуб.
Ова за него било исплнување на сонот кој го има од мал, но сепак Стефан за овој посебен ден чувал уште нешто. На изненадување на сите, тој на Камп Ноу ѝ даде прстен на неговата долгододишна девојка Марта. Со изненадувањата продолжи и кога се вратија во сместувањето, каде Марта не можеше да престане да плаче.
Стефан изјави дека ова е најубавиот ден во неговиот живот и им се заблагодари на сите за честитките. Тој кажа дека запросувањето го подготвувал дури два месеци однапред и дека му е многу мило што испаднало како што замислувал, и едвај чека тоа да го сподели со своите следбеници преку видео кое наскоро ќе го објави.
Инаку Стефан преку видео од 2018-та година, откри дека уште тогаш ветил дека за 2-3 години кога ќе се среди финансиски ќе ја зема Марта за жена. И тоа го исполни.
Честитки, да бидете вечно заљубени!